Експерт за Крипто – валути го хакирал ,,Твитерот” на министерот Османи (ФОТО)

Доколку сакате да се информирате што мисли шефот на македонската дипломатија не го читајте неговиот профил на социјалната мрежа Твитер.



Ако го посетите ќе видите дека официјалниот Твитер профил на министерот за надворешни работи, Бујар Османи е хакиран.

Профилот со негово име и негови постови – твитови сега е преименуван во „Sheldon The Sniper“.

Министерот Османи потврди дека неговиот Твитер профил бил цел на хакерски напад и не е под негова контрола затоа што е преземен од непознати лица.

“Сакам да ве информирам дека мојот официјален и верификуван твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), денес беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица. Be известувам дека во моментов, мојот твитер профил е надвор од моја контрола, и соодветно, последните активности не претставуваа дел ниту од моите интенции, активности, ставови, убедувања, ниту претставуваат официјални ставови на институцијата. Случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адреси на социјалната мрежа “Твитер”, од каде очекувам брза реакција и враќање на официјалниот и верификуван профил повторно на мое управување“, напиша Османи на Фејсбук.

Вистинскиот Sheldon The Sniper е познат меѓу луѓето што тргуваат со крипто валути затоа што тој е промотер и експерт за овој вид финансии.

https://twitter.com/Bujar_O?t=yBVg9uvLuv_7RKoz2B0BMA&s=09