Душан Рељиќ, шеф на бирото во Брисел на реномираната германска фондација Институт за наукиа и политика (СВР), смета дека изгледите за скорешно решение за разликите за името на Македонија со Грција се сè помали.
„Колку повеќе време поминува, побрзо с езатвора и прозорецот на можности“, вели тој за австрискиот весник „Винер цајтунг“.
Според него, просторот за „игра“ на левичарскиот грчки премиер Алексис Ципрас го намалува неговиот десничарски колаициски партнер во Владата, партијата Незавидсни Грци, но и конзервативната опозиција Нова демократија, која исто така се противи терминот Македонија да биде содржан во името на северниот сосед. Националистичката реторика во Грција ќе се зголемува како што се наближуваат парламентарните избори следната година, смета Рељиќ, и тоа ЕУ тешко може да го спречи, освен ако не влијае преку владите на земјите-членки и преку Европски парламент.
„Претставниците на семејството конзервативни партии можат да влијаат на Нова демократија да не го користи ова прашање во изборната кампања и на тој начин да му овозможат на Ципрас да земе воздух“, вели тој, но додава дека таквите обиди досега не се видливи. „Никој не сака да си стави прст во огнот“.
Од друга страна, ни Владата во Скопје не е во удобна положба, напоменува Рељиќ. Коалицијата на социјалдемократите со партиите на Албанците има тенко владино мнозинство, а национално-конзервативната опозиција може да изврши притисок врз нив. Покрај тоа, еден грчки максималистички услов тешко дека ќе биде прифатлив дури и кај населението. Грција сака да го избрише македонството не само од името на државата, туку и од јазикот и од името на етничката група, објаснува Рељиќ. „Тоа оди директно на идентитетот“, што е црвената линија на Скопје, нагласува тој за „Винер цајтунг“.





