Богдан Милчев од бугарскиот Институтот за безбедност на патиштата пред за БТВ изјави дека било порачано од меѓународна компанија да ја провери состојбата на патиштата на автопатот Струма каде се случи автобуската несреќа во која загинаа 45 патници а 7 беа повредени.
„Вистината е заложник на бугарско-македонските односи, па затоа е избран меѓународен ревизор. Обвинителството сака изненадувачки брзо да го затвори овој случај, а уште од првите часови на несреќата беше кажано дека вината е во возачот. Возачот не може да се брани, па случајот брзо ќе заврши“, вели Милчев според кој „во најбрз можен рок ќе се исплати обештетувањето на роднините на загинатите, а ќе има мир во целото општество“.
Тој е дециден дека случајот намерно ќе се одолговлекува премногу… пренесува БГНЕС.
„Доколку се докаже дека патот е проблем, бугарската страна мора да плати огромна отштета на РСМакедонија“, додаде Милчев. Тој смета дека обвинителството одбива да ги истражи условите на патот, како тие влијаеле овој возач да погреши, да ги истражи погрешно поставените заштитни огради, како што се наведува во извештајот.
Документот докажува дека овие заштитни огради биле оштетени од претходни несреќи, и дека биле поправани и погрешно поставени.
Ако беа правилно поставени, ќе го насочуваа автобусот и ќе му ја сменеа траекторијата без тој да падне во стапицата на заштитната ограда. Жртвите не се од несреќата, туку поради замката на заштитните огради, кои наместо да го заштитат автобусот, го оштетиле. Недостасува знак кој требало да ги извести возачите дека вакво заобиколување е неизбежно, вели Милчев.
На патиштата кај нас недостигаат вкупно над 400 знаци, но министерот за регионален развој молчи, а обвинителството одбива да го истражи сето ова, додаде Милчев кој смета дека ќе има и други несреќаи…







