Ексминистерот Новковски за Ласкова, снаата и – претходната влада

Професорот Ненад Новковски, некогашен министер за образование и наука, со свое видување за контроверзниот тендер на Фондот за иновации и технолошки развој во делот за советничката на премиерот Цветанка Ласкова и нејзината снаа Христина Керкез, која доби речиси 20 милиони денари.



„Секоја свекрва си ја сака снаата што ѝ внесува 330.000 евра во куќата“, напиша министерот во Владата на Љупчо Георгиевски од 1998 до 2002 година под постот на expres.mk за твитот на денот во Фејсбук-групата „Спаси го името Македонија“.

„Традиционални вредности. Па, напразно ли претходната влада воведуваше семејни студии? Фатило место“, прокоментира Новковски малку подоцна под истиот пост.

А твитот на денот на кој се надоврза професорот е на Ина @mnogufina и гласи: „Љубоморни сте дека Цветанка ја сака снаа ѝ, а вас вашите свекрви не!“.