Ексклузивно: Скандалозна одлука на Владата – Десковска ќе биде член на Венецијанската комисија

Владата крие од јавноста дека ја именувала министерката за правда Рената Десковска за македонски претставник односно член на Венецијанската комисија во која сега претставник е професорката Тања Каракамишева.



Expres.mk дознава дека Десковска била номинирана за македонски претставник во експертското тело на Советот на Европа кое се занимава со прашањата на владеење на правото, човековите права и демократските принципи на вчерашната седница на Владата.

Дека се работи за скандалозна одлука покажува и фактот што во своето соопштение Владата не ја објавува информацијата за именување на свој член на комисијата.

Не е познато дали одлуката е донесена во присуство на министерката за правда Десковска која практично одлучувала за именување на Десковска како професорка по уставно право.

Десковска ќе биде единствена министерка – актуелен член на некоја влада во Комисијата.

Според правилата и практиката на комисијата членовите се независни експерти а се избираат од редот на “искусни професори, особено од полето на меѓународното право, членови на врховниот или уставните судови или членови на националните парламенти”.

Никаде во правилата на Комисијата не пишува дека активен министер не може да биде нејзин член, велат извори во комисијата кои се уште не се информирани за оваа одлука и не сакаат да веруваат дека по Законот за јазиците македонската влада ќе влезе во ново скандалозно однесување кон телото на Советот на Европа.

Извори во СДСМ тврдат дека пред номинацијата на Десковска за член на Венецијанската комисија СДСМ добиле барање од коалиционите партнери од ДУИ владата веднаш да ја повлече професорката Каракамишева од комисијата.

Цели 24 часа по одлуката Владата крие дека Рената Десковска е номинирана за член на Венецијанската комисија како претставник од Македонија.

Потврдена информација на expres.mk: Дескоска номинирана за Венецијанска комисија