Ексклузивно: Што содржи кривичната пријава за првата антикорупционерка Ивановска

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) пред околу 3 недели заедно со уште едно лице стана предмет на кривична пријава во која се товари за низа постапки за кои по судска постапка може да добие високи казни.



Спротивно на фактите со кои располагале како и заради незаконско водење на постапката со пропуштање на дејствија, на кројат на ноември е поднесена кривична пријава против Биљана Ивановска и Јасминка Цветковска кои според пријавата сториле по едно кривично дело: злоупотреба на слубена положба и несовесно работење со донесување на одлука за запирање на антикорупциската постапка против Еролд Муслиу, инаку директор на Агенцијата за разузнавање и најблизок соработник на претседателот Стево Пендаровски со кого Ивановска има пријателски релации.

Според Кривичната пријава во образложението на ДКСК за предмет против Муслиу во Одлуката за запирање на предметот бр.12-233/13 од 13.10.2020 се констатира дека:

Спротивно на член 31 од законот за Агенција за разузнавање Васко Шутаров вршел активност како истражувач во НВО Нексус, функција која е споива и директно поврзана со неговата службена должност во Агенцијата и притоа му бил исплатен хонорар во февруари и март 2018 за да напише проект на НВО Нексус – Граѓански концепт. Наведените датуми за ангажманот на Шутаров, исплатата на срествата и тврдењето дека добил усмено одобрение од Директорот кој раководел со Агенцијата во 2018 без да се провери или отфрли тој податок од д-р Зоран Иванов се контрадикторни.

Во Кривичната пријава исто така стои дека “ДКСК нема извршено разговор со Васко Шутаров ниту пак го повикала екс директорот Зоран Иванов за да го потврди неговиот исказ во известувањето од Агенцијата до ДКСК дека Шутаров во февруари и март 2018 добил усмено одобрување од Иванов кој во тоа време раководел со Агенцијата”.

Поднесувачот во пријавата укажува на уште еден момент кој може да ја стави Ивановска во сериозна ситуација пред законот од кој што нема да може да биде заштитена ниту со аболиција од нејзиниот пријател претседателот Пендаровски.

“Иако ДСКС и секторот за организиран криминал при МВР на 11.03.2020 одржале координација за случајот со цел размена на податоци и од 11/12.12.2019 имале извештај / одговор на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за пронајдени дигитални траги за ангажманот на Васко Шутаров во НВО Нексус, ангажман кој е избришан од веб страната на Нексус, не се преземени дејствија и мерки за обезбедување на други материјални докази во постапката”, пишува меѓу другото во Кривичната пријава за шефицата на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

Во пријавата има уште неколку други обвинувања кои според експерти за оваа проблематика се добро основани и ќе предизвикаат сериозни последици за Ивановска затоа што законските претпоставки за делата се јасни и прецизни.

Пред една недела Ивановска со лајк за пост во кој висок владин функционер ја критикува позицијата целосно ја разниша својата позиција како објективен монитор на корупциските скандали со што дополнително ја влоши својата слика во јавноста но и пред судските органи во пресрет на процесот по Кривичната пријава.

Првата антикорупционерка политички се разголи, стави лајк на погрешно место