Ексклузивно: Празно е местото од каде исчезна плочата во чест на АСНОМ во Прохор Пчињски

Венците кои ги положи македонската делегација на Прохор Пчињски за Илинден се уште стојат но плочата на која пишуваше дека таму се случил АСНОМ веќе ја нема.



Како што објави expres.mk утринава таа денеска не е на местото каде што српските власти и претставниците на СПЦ ја вратија на местото каде што стоеше до постоењето на Југославија кога беше тргната од српски националисти.

Expres.mk ексклузивно објавува фотографија на која се гледа дека плочата е тргната само една недела откако пред неа се поклони македонска делегација на Илинден.

Повеќе детали од првичната вест на expres.mk

Исчезна плочата за АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски

Најнова вест

Зошто по ѓаволите централната власт би го заборавила вториот најголем град?

Лукаревска уверува дека владата не го заборавила Тетово