Ексклузивно: Драматичен пораст на цената на тестовите за коронавирус во приватните лаборатории

Од вчера во Македонија има драматично зголемување на цената на тестовите за Коронавирусот во приватните лаборатории.



Expres.mk денеска истражуваше колку трае процедурата за тестирање во приватните лаборатории откако преку матичните лекари процесот како во случајот со градоначалникот на З Куманово траеше и до 6 дена но истражувањето покажа дека има огромен раст на цената на тестовите за коронавирус.

Во меѓувреме и пациент кој сакал да се тестира во една од приватните лаборатории потврди дека кога прашал колку ќе го чини тестирањето добил одговор дека од вчера цената е и до 170 % повисока од досегашната.

Истражувањето открива дека во приватните лаборатории тест може да се закаже истиот ден кога ќе се јавите а во текот на денот да го добиете и резултатот.

На прашањето зошто е цената зголемена кога се работи за истите тестови пациентот добил одговор дека така било наложено но не добил одговор од кого.

Досега цените во приватните лаборатории кои соработуваат со министерството за здравство беа 1500 денари до 1800 денари.

Цените единствено остануваат исти во болницата Аџибадем – Систина каде тестот е се уште по истата цена од 1200 денари.

Предходно министерството за здравство ги оспори овие тестови како несоодветни и не соработуваше со Аџибадем-Систина иако болницата има капацитети и за молекуларниот тест и за ткн серолошки тестови.

Зошто приватните лаборатории ги зголемиле своите првични цени кои секако биле прилагодени на пазарот останува енигма како што не е јасно и дали и државно финансирани тестови кои одат преку приватните лаборатории ќе бидат плаќани по новата цена.

Предходно А1он откри дека државните здравствени установи наплаќаат по 4950 од Фондот за здравство.