Екс вицепремиер во влада на ВМРО-ДПМНЕ: Зекири не требаше да добие притвор

Без разлика на сите мои политички разлики со Мухамед Зекири, сепак сметам дека тој не требало да заврши во притвор.
Знам дека политизираното јавно обвинителство и судство сака да создаде впечаток дека е “независно” и дека не суди според налозите од СДСМ …



Ова е реакцијата на екс вицепремиерот и амбасадор Ивица Боцевски кој смета дека и во случајот со Мухамед Зекири треба да се почитува институтот ,,презумпција на невиност” и генсекот на власта требало да се брани од слобода.

,,Време е запре оваа нечовечност и пост-комунистичка бруталност.
Мухамед Зекири е невин, додека не се докаже спротивното, а целата медиумска помпа ја создаваат кругови од обвинителството и од судството за веднаш да ги потврдат своите наводи, да создадат атмосфера дека тој е виновен и, на тој начин, да го исперат својот образ за сите поранешни и актуелни неправди што ги сторија под политички диктат, локален и меѓународен.
Тркалото мора да сопре и овој пост-комунистички кошмар да заврши!

Да повторам, Мухамед Зекири е невин и ова не го заслужува”, смета Боцевски.