Екс вицепремиер: Идат најдобрите денови за Македонците, следува будење од кошмарот и сериозна анализа

Македонија опстојувала, опстојува и ќе опстојува. Малодушноста и сомнежите отсекогаш ги внесувале бедните по дух, медиокритетите и оние што лошо ѝ мислат на Македонија. Инаку, изградбата на државата и изградбата на нацијата никогаш не запира и никогаш нема конечност. Ќе има и подобри времиња, ќе има и смутни времиња, како сломот за време на владите на Заев, но Македонија ќе опстојува сè додека граѓаните на Македонија се решени да ја чуваат својата државна заедница. Можеби искушенијата, премрежињата и заблудите беа потребни за уште еднаш да осознаеме колку се значајни државата, институциите и суверенитетот. Немам никакви сомнежи дека Македонија ќе зачекори напред, а сигурен сум дека најдобрите денови за македонскиот народ допрва претстојат. Нам ни престои долго будење од кошмарот, сериозна анализа на научените лекции и изградба на јасна визија за нашата ролја во променетиот свет – порачува по повод Денот на независноста Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор во колумна за празничниот број на Нова Македонија.