Екс вице-гувернерка на НРБМ го урна владиниот мит за странски причини за економските проблеми

Екс вицегувернерката на Народната Банка на Република Македонија, Маја Кадиевска Војновиќ, откри на дека Македонија е неславен европски рекордер по важен економски параметар.



Експертката за економија и финансии Маја Кадиевска Воиновиќ на социјалната мрежа LinkedIn објави дека Македонија е на врвот на листата според годишната стапка на инфлација во Европа од објавените податоци со мај!

,,Во еврозоната инфлацијата е 8.1%, кај нас 11.9%! Не е се увезено… нешто е и домашно создадено”, напиша Кадиевска Војновиќ која го урна митот што го промовира владата според која економските проблеми на Македонија се должат на странски причини.