Екс советник на Заев: ЕУ членка која не признава малцинства ни кажува кое малцинство да го признаеме

Поранешниот советник на екс премиерот Заев и координатор на владата за мултикултура Рубин Земон го коментира предлогот на Париз со кој Македонија би почнала преговори со ЕУ само ако го признае бугарското малцинство во својот устав.



,,Франција-државата што не сака да ја потпише Конвенцијата за заштита на малцинствата и не признава национални малцинства, ни кажува кои малцинства да ги ставиме во Преамбулата…”, коментира Земон за контроверзниот предлог на Париз со кој се прифаќаат сите бугарски барања кон Македонија.