Екс ,,шарен” активист за СДСМ: Крај на кариерите, како дојдоа на власт така ќе си одат

Поранешниот активист на ,,Шарената револуција” Владо Димовски ги објавува имињата на пратениците на СДСМ кои гласале против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во образованието и најавува брзо нивно заминување од власт.



,,Комисија за финансирање и буџет во Собранието на Македонија. Амандман предложен од Сојузот на синдикати на Македонија ССМ.

На крајот од својата политичка кариера пратеници кои гласаа против амандманите

Лолита Ристова
Марија Кочовска
Панчо Минов
Марија Георгиевска
Драгица Ѓавочанова
Жаклина Лазаревска
Бајрам Кадрија

Исмаил Јахоски не гласаше никако.

Како дојдоа на власт така ќе си одат. Забораваат дека улица и народ дава, улица и народ зема”, пишува Димовски кој до неодамна го поддржуваше Зоран Заев и неговите политики.