Експретседателот Иванов сведок на судењето за 27 април

Во Основниот кривичен суд Скопје за настаните во Собранието на 27 април 2017, ќе ќе се појави поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов како еден од сведоците на одбраната.



Во овој предмет обвинети се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Овој случај се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.