Експремиер: Бугарија имала сон за Делчев што стана јаве, а сега не го прифаќа

Екс премиерот Љубчо Георгиевски во гостување во емисијата 360 степени вчера рече дека бугарски сон било македонски политичар да каже дека Делчев е заеднички херој, а сега кога тоа се случи, тие не прифаќаат ниту таква формулација.



“Ако ги следиме ставовите на нашиот премиер, претседателот, Гоце Делчев е заеднички револуционер на Македонија и Бугарија. Е, сега Бугарија не го прифаќа ни тоа. Тука гледам суета кај бугарските членови на Комисијата. Како да не сакаат да разберат дека до пред три години никој во Македонија не смееше да каже дека Делчев е заеднички херој на Македонија и Бугарија. Тоа ни јас не го кажував, зашто ќе ме растргаа. Сум кажал дека треба да ја преиспитаме нашата позција. Сметам дека сон на бугарската политката долго време беше македонски политичари да кажат дека Делчев е заеднички херој. И сега кога тоа е кажано, тие како да не сфаќаат што значи за еден македонски политичар да каже такво нешто”, изјави Георгиевски за 360 степени.

Георгиевски како премиер потпиша документ за пријателство со Бугарија во 1999 година а во јавноста важи како пробугарски ориентиран откако го смени името од Љупчо во Љубчо.