Чудно, ама можно. Во август како да започнува македонската „демократска пролет“. Народот како полека да се буди и освестува. За првпат во самостојна Македонија, речиси, и да нема општина во која нема независна листа на кандидати за градоначалници и советници за престојните локални избори. Започнува, со најдемократското можно оружје, на избори, чекор по чекор, камче по камче, да се руши трипартиското едноумие во Република Македонија.
Ова се зборови на екс пратеникот Митре Вељановски кој ја цитира познатата мисла за неуноиштивоста на Македонецот.
„…Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева…“ („Пиреј“ – Петре. М. Андреевски).
“Петре Андреевски е мој идол и идеал, а погоре споменатите зборови се основната идеја и порака на неговото ремек дело, романот „Пиреј“ (1980 г.). Но, во името на светоста на вистината, да бидам искрен, во последните петнаесетина години почнав да се сомневам дали е баш така?
Неспорно е дака туѓите војски и војни, иако беа многубројни, многувековни и брутални, не успеаја да не уништат. Со крв, со пот, со солзи, со леб и сол, како-така, тргај-не кини, падни-стани, пирејски опстанувавме и опстојувавме. Но, дојдоа времиња-невремиња кога Македонија треба да се брани од своите „освојувачи“, пишува Вељановски чија колумна може да ја прочитате на Плусинфо.






