Екс пратеничката и претседателка на скопската организација на владеачката партија Софија Куновска јавни признава дека боли што СДСМ стана дури трета партија во Македонија.
Куновска вели дека колку и да е критична кон својата матична партија боли фактот што СДСМ има послаб рејтинг и од ДУИ.
Таа најавува дека СДСМ ќе ,,се слика на следните избори”.
,,Колку и да сум критична кон СДСМ, секогаш со намера да се спречи пропаѓање, ова боли…
Само вие продолжете да се сликате и лепете го поцврсто за СДСМ сето разочарување, изневерено очекување, потфрлање во борбата со корупција, злоупотреби на тие што ги чистевте со метла а и самите бевте нивни ментори и соучесници.
Ќе се сликате и на следните избори. За жал.
Кога би можела само да знам уште колкумина ли ќе се исселат додека не се заборават сите наталожени неисполнети очекувања и не се роди нова надеж.
Вие ќе си ги трошите милионите, семејствата кои дури имаат човечки загуби од вашата бахатост и неодговорност ќе си ја носат болката со себе, нашите деца ќе заминуваат, но сепак ќе останат доволно луѓе кои ќе бидат хроничари и нема да дозволат да играте на картата на кусо паметење и да ни се враќате повторно со ретуширани биографии”, пишува Куновска.






