Екс потпретседател на СДСМ ,,превртувал очи” пред да замине од партијата

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Коста Петров, во утринската емисија на Телма денеска изјави дека во неговата нова книга наречена „Што ќе кажат другите“ има многу пиканетрии од неговиот живот во владејачката партија.



До неодамна висок партиски и државен функционер а сега повторно ПР-експерт во студиото рече дека во последната фаза апред да си даде оставка на партиската функција и како директор на Фондот за иновации и технолошки развој „превртувал очи“.

– Кога сме во поинтимен форум нема да бидам некој кој лажно ќе ракоплекса. Влегов романтично во политиката, да менувам, верував во промени, но како ја спознавав партијата се соочив со првата кочница и никогаш не ме прифатија како нивни потпретседател две и пол години. Тоа во фаца ми го кажуваа – ми велеа такви како тебе си оделе, ќе си одиш и ти. Си реков што правам на 38 години. Првите месеци бев нов, и кога го доживеав првиот сериозен удар, ја дадов првата оставка по неколку месеци кога се правеа изборните листи за парламентарните избори 2020. Јас сакав да ставам мега успешни личности кои би влегле во политиката, но партијата секогаш победува, рече Петров, пренесува фактор.мк.

Повеќе детали на Фактор