Екс обвинителот Војо Димоски кои сега е адвокат ја анализира пораката од екс премиерот Зоран Заев според која многу Македонци ја поддржале смената на името и промената на уставот со која Македонија стана северна.
За него ваквото однесување е дијагноза односно може да се толкува како психолошки или психијатриски случај.
,,Дедо ми велеше: “Ако видиш некого со пенкало на реверот или со весник под мишка, гарант е неписмен!”
А да тврдиш дека народот во огромен број дал поддршка на Преспанскиот договор, тоа е веќе прашање на дијагноза”, пишува луцидниот Димоски кој преку хаштагот #шоиќ прави паралела меѓу однесувањето на Заев и познатиот српски хумористичен и смешен лик.
Што кажа Заев на денот кога на референдум Македонија одби промена на името и објави слика со пенкало в рака.






