Екс-министерка: РСМ да докаже дека може да биде прифатена во ЕУ, а Бугарија нема врска со тоа

Проблемот во моментов е што не се почитува сегашниот Договор за добрососедство. Мора да има гарант за неговото почитување и ова е ЕУ, изјави за НоваТВ поранешната бугарска министерка за надворешни работи Надежда Нејнски.



Според неа РСМ (како што бугарските политичари ја нарекуваат Република с Македонија -н.з.) мора да докаже дека може да биде прифатена во ЕУ, а Бугарија нема никаква врска со тоа.

Иако политичките личности во РСМ неколку пати изразија очекување дека по изборите ќе се отворат преговорите со Бугарија и нашиот сосед ќе го забрза патот кон евроинтеграциите, такви индиции нема.

News.bg потсетува дека специјалниот пратеник на Владата на Република с. Македонија за Бугарија Владо Бучковски пред неколку дена изјави уверување дека наскоро ќе се најде заеднички јазик со евентуалната нова бугарска влада со премиерот Кирил Петков.

Во исто време, во Македонија се случија политички пресврти откако Зоран Заев ги загуби изборите и поднесе оставка, а потоа ги одложи.