Екс министер што принципиелно го бранел Димитров го нарече кукавица (ВИДЕО)

Вицепремиерот Никола Димитров вчера доби епитет кукавица за својата улога и непреземање одговорност во случајот “Ерменскиот Вице Заев” односно аферата Ерменија.



Епитетот му го доделува екс министерот за надворешни работи Антонио Милошоски кој во времето кога Димитров беше сменет од претседателот Бранко Црвенковски како преговарач во спорот за името а премиерот Никола Груевски се противел на негов понатамошен ангажман во владата на ВМРО-ДПМНЕ, добил поддршка од тогашниот министер со образложение дека земјата треба да ги искористи сите ресурси во дипломатијата.

Подоцна Димитров станал Национален координатор за НАТО во владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски вчера во емисијата Заспиј ако можеш даде одлична слика колку е штетна аферата “Ерменскиот Вице Заев”, за Македонија.

Тој дава детали кои не беа познати за јавноста од кои јасно се гледа кој е нарачател на ерменскиот скандал.

Откако предходно ја префрли одговорноста на други институции и служби Димитров денеска не го демантира Милошоски.

Видеото од низа детали за скандалот на овој линк

https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/980354699194214/