Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини тврди дека премиерот Заев го направил премногу силен Артан Груби, кому му дал “бомби“ со снимки за сите кадри на ДУИ.
„Моќта на потпретседателот на владата Артан Груби, му ја има дадено Зоран Заев. Тој поседува бомби за сите функционери на ДУИ“.
Ова вчера во Студио 10 на ТВ24 го изјави Џевдет Хајредини, поранешниот министер за финансии во првата влада на Бранко Црвенковски.
Хајредини кој тврди дека Заев го направил силен Артан Груби е уверен дека освен што му дал “бомби“ со снимки скоро за сите кадри на ДУИ Груби поседува аудио материјали и за лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Груби, заедно со Бујар Османи, е еден од двајцата функционери на ДУИ кои се во конфликт со Скопското крило на партијата во кое се Изет Меџити и Муса Џафери.
Токму за Џафери јавноста слушаше приватни бомби по кои тој мораше да ја напушти втората по моќ позиција во ДУИ.





