Поранешниот заменик министер за образование до 2019 година Петар Атанасов ги прашува своите партиски другари од СДСМ зошто преговараат со Бугарија за Гоце Делчев.
За поранешниот новинар сега професор и автор на стратегијата на “Едно општество за сите” Македонија не смее да преговара за Делчев затоа што постојат доволно елементи кои ја докажуваат неговата националност.
“И во политичка смисла и како државен симбол Гоце Делчев по националност е Македонец. Со кој памет некој се обидува да преговара за неговиот етнички идентитет за кој во науката се знае дека има и објективни и и субјективни елементи”, смета Атанасов според кога” Таа тема не смее да биде на дневен ред!”.
Според последните бугарски изјави позицијата на Бугарија од која ќе зависи почетокот на преговорите на Македонија во ЕУ Делчев е Бугарин по националност а Македонец како регионална припадност.
Атанасов си даде оставка од позицијата заменик министер за образование незадоволен од напорите на владата за спроведување реформи во образованието.





