Екс македонски премиер до владата: Ни запад знаете каде е, ниту што се инвестиции

Екс премиерот Емил Димитриев кој ја водеше техничката влада по заминувањето на Никола Груевски ја коментира пропагандата на владата на СДСМ и ДУИ од каде се жалат дека иако добро работеле добивале критики од противниците на западот и на инвестициите.



,,Распродавате идентитет, ве критикувале антизападно ориентирани…За крајно сомнителни инвестиции во Тетово ве критикувале противници на инвестиции и антиалбанци…
Ни запад знаете кај е, уште помалку што е инвестиција, а најмалку грижа за сите граѓани…”, порачува Димитриев кој беше технички премиер цели 17 месеци, од јануари 2016 до јуни 2017 година.

Во негово време во Македонија влегоа неколку големи инвестиции.