Екс-команданти на ОНА бараат Министерство за рамковен

„ Интересот на Албанците е или Секретаријатот да остане, или пак, новото министерство да се вика Министерство за спроведување на Охридскиот договор и политички систем. Тоа е капитал на секој политички субјект кој ќе дојде по ДУИ. ДУИ не е вечна и нема вечно да биде на власт, но институциите се тие кои остануваат“, изјави Рафиз Алити во синоќешното гостување на „ТВ21“.



Поранешните команданти на ОНА, Хазби Лика, Шевал Цеку, Назим Буши и Алити се загрижени поради идејата за распуштање на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор и околу оваа тема се сретнаа со претседателот на ДУИ, Али Ахмети и сметаат дека за ова требало „да бидат консултирани сите оние кои дале придонес за постигнување на Охридскиот договор“.