Новоизбраниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиовски, откри дека неговиот претходник, Филип Темелковски, оставил огромна „дупка“ во општинскиот буџет.
„ Буџетот на општината за жал е во катастрофална состојба, јас практично го наследив буџетот со околу 20 милиони денари на сметка. А долгови само спрема Светска банка имаме околу милион и 700 илјади евра, а доспеани и недоспеани обврски се околу милион и 300 илјади евра.
Што значи дека имаме сериозни долгови како општина практично околу 3 милиони евра е вкупниот долг, а многу мали средства на располагање“ објави Ѓорѓиевски во гостување во „Утрински Брифинг“.
Рече дека нема намера да се жали туку ќе се обиде во наредниот период да се надминат овие проблеми и нормално да се пристапи кон решавање на проблемите на граќаните на Кисела Вода.






