Екс функционер и апологет на СДСМ со тешки навреди за луѓето кои си ја отворија душата на протестот за скандалот на Онкологија

Екс функционер и апологет на СДСМ со тешки навреди за луѓето кои си ја отворија душата на протестот за скандалот на Онкологија.
Зоран Иванов кој беше портпарол на првата влада на Бранко Црвенковски потоа и директор и претседател на надзорен одбор на Македонската информативна агенција ги нарече простаци луѓето што вчера излегоа на протест за скандалот на клиниката за онкологија затоа што со граѓаните споделување лични болни искуства.



,,ПУШЕЊЕ:
Овие партијциве од протестот пред влада што пренесуваа ЛИЧНИ искуства за пушењето, и РОДИТЕЛИ се или само ПРОСТАЦИ се !!”, прашува Иванов кој со тоа ги навредува луѓето кои што ја споделија билката со своите сограѓани.

За него дилемата не е дали се простаци туку дали покрај тоа што се простаци се и родители.

На Иванов кој важи за еден од најголемите апологети на СДСМ не му е прв пат да се обраќа со погрдни зборови кој различни категории граѓани.

Според режисерот Милчо Манчевски Иванов е дел од ,,Династијата Иванови”, во која има повеќе членови на неговото семејство кои се на државни функции или добиваат огромни пари од државата.

Манчевски тргна во битка со ,,Династијата Иванови”, поднесени кривични пријави за Агенцијата за филм

Иванов пишува за порталот Цивил Медиа на медиумскиот тајкун Џабир Дерала кој пред десетина дена беше фатен како преку група на Фејсбук пласира и спонзорира манипулативни политички пораки против ВМРО-ДПМНЕ кои се лажни вести.

Провладин медиум ,,жив фатен” во пропаганда и ширење лажни вести (ВИДЕО)