Според обвинителката Гоговска-Јакимовска, поранешниот директор Нино Васев  се соочува со едно обвинение за Измама во службата, како и седум за Злоупотреба на службената должност.



Засега не се бараат притвори, туку мерки на претпазливост за ексдиректорите Нино Васев и  за организацискиот директор, Нехат Нухи, кој се сомничи за „измама во службата“.

Во случајот се осомничени и тројца лекари кои се товарат за помагање во „измама во службата“..

Мерките се однесуваат само за медицинскиот и организацискиот директор, докторите онколозите не се опфатени. Мерките се забрана за напуштање живеалиште, одземање на патна исправа – рече обвинителката Гоговска-Јакимовска.

Обвинителката додаде дека за медицинскиот директор Нино Васев е побарна уште една мерка.

„За медицинскиот директор има побарано и мерка за оддалечување од работно место“,  изјави Гоговска-Јакимовска.

Истрагата ќе се проширува но обвинителката информираше дека не се докажало дека докторите од Клиниката за онкологија крателе или краделе терапии од пациентите кои примале скапа биолошка терапија.