Екс директорот на Онкологија Нино Васев избега од камерите – не сакаше да каже за лошото менаџирање во болницата

Екс директорот на Онкологија Нино Васев пред кривичниот суд ги одмина медиумите кои имаа низа прашања поврзни со кражбите на лекови и сериозните обвинувања за начинот на лекување на пацинети на клиниката. Тој се појави на судењето против него за несовесно работење во службата, објави Телма. На пациент со малиген меланом три месеци не му била препишувана терапија на клиниката за Онкологија и починал  откако му се влошила здравствената состојба.  



Според обивнението,  на пацинет со дијагностициран малиген меланом кој требало веднаш да се лекува,  Васев  како директор на онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол да сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор туку лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори. Тие одговараа за несовесно лекување болни токму заради тоа што затоа што три месеци на пацинетот не му пропишувале терапија, здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019.

https://telma.com.mk/2023/09/05/nino-vasev-vo-krivchen-na-sudenje-za-nesovesno-rabotenje-za-pacinet-koj-pochinal-otkako-tri-meseci-ne-mu-bil-propishuvan-lek-za-maligen-melanom/