Поранешна директорка на Државниот завод за статистика, универзитетската професорка Благица Новковска, изрази сомнеж околу успешноста на пописот.
Новковска вели дека попишувачите единствено собрале 1.832.696 матични броеви. Таа забележува и дека многу брзо одел процесот на попишување на населението.
„Директорот на ДЗС изјави: ‘…со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата…’
Што значи ова? Знае ли што кажува? Не знае колку одбиле да се попишат, ама сите се целосно опфатени?! Да го потсетам единица на попис им беа државјаните! Не знам дали знае, но најсигурно е дека денес затворија нешто што ќе треба наскоро да го отворат и да видат со што го наполниле.
Единствено е сигурно – сега за сега – дека собрале 1.832.696 ЕМБГ. Така барем денес ја информираа јавноста“, напиша Новковска.
Таа смета дека имало и двојно попишување, и овде и во странство, преку самопопишување.
„Се чудев зошто европските земји си молчат за дуплото попишување, па ми текна дека за нив се тоа ситни дупликати, ама за нас се крупни последици“, напиша Новковска.







