Екс шефот на бугарската дипломатија Соломон Паси во обид да го оправда албанскиот премиер Еди Рама за несоодветната изјава за Западна Бугарија пишува дека многумина во Бугарија оваа земја ја сметаат за источен дел од Македонија.
Искусниот дипломат знае дека и оваа изјава дури и да е шега е провокација особено затоа што во Бугарија многумина се залагаат за тезата за ,,Еден народ во две држави”.
,,Во дебатите за 🇲🇰-🇪🇺 кај нас многумина се претставуваат како да се од Источна Македонија!”, пишува Паси кој реферира на наводната шега на Албанскиот премиер кој го претстави Ковачевски како премиер на „идна Западна Бугарија“.
Бугарскиот дипломат знае дека шегите за географски одредници на земја која под притисок го смени името а најмалку два соседи имаат скриени територијални и други претензии кон неа не се шеги туку дипломатски провокации.
В дебатите по 🇲🇰-🇪🇺 у нас мнозина се представят като да са от Източна Македония! @AtlanticClubBG
Шега: Албанският премиер представи Ковачевски като премиер на “бъдещата Западна България“ https://t.co/AIBCG5qQZj— Dr. Solomon Passy 🇺🇦 (@PassySolomon) June 12, 2022






