Екс амбасадор за скандалот во Ватикан: Сериозна злоупотреба на Ковачевски на аудиенцијата кај папата

Поранешниот македонски амбасадор во Ватикан Оливер Шамбевски го коментира дипломатскиот скандал на премиерот Ковачевски кој на аудиенцијата кај папата ја однесол и сопствената ќерка.



Предходно ваков дипломатски гаф направил само белорускиот претседстел Лукашенко кој во Ватикан го однесол синот.

Шамбевски бидејќи се од строгиот протокол на Светата столица вели дека ќерката на Ковачевски не е принцеза за да биде во делегацијата кај Папата

,,Јас сум исклучително против вмешување на семејствата во политички пресметки, но во овој случај, за жал, непромислено, семејството си го вмешал самиот Ковачевски.

Епа, треба да се каже дека ова е сериозна злоупотреба на позицијата, а и несериозно преставување на државата.

Без разлика што тој лично мисли, сепак ќерка му не е принцеза во оваа држава па да има протоколарна улога.

Додуша да… има уште еден ваков случај на злоупотреба (на сликата подолу Лукашенко со синот) и тој воопшто не е ласкав за споредба, но е илустративен за многу состојби во државава.
Ај… барем се прошетаа… ќе има со што да се фалат и да раскажуваат на училиште…”, пишува амбасадорот Шамбевски за дипломатскиот скандал на премиерот.