Екс амбасадор во НАТО бара Османи да не се истрчува аматерски и да не ги плаши дипломатите

Поранешниот шеф на Мисиите на Македонија при ОБСЕ и ООН во Виена и НАТО во Брисел бара министерот за надворешни работи Бујар Османи да не прави аматерски истрчувања со изјавите во јавност.



Амбасадорот Зоран Дабиќ иронично ја коментира изјавата на Османи за премиер Албанец за неколку месеци и можноста по наводните предвремени избори Османи веќе да не биде министер во владата.

,,Вчера министерот Османи бомбастично најави дека „за неколку месеци доаѓа Албанец премиер“, па првиот вице премиер Груби мораше да го дообјаснува денеска.
Го замолувам г-нот Османи да не крева лажна тревога за предвремени парламентарни избори годинава и да не ги плаши вработените во МНР.
Таман почнавме да се навикнуваме на него”, пишува Дабиќ за несмасната изјава на Османи кој по следните избори според амбасадорот многу потешко ќе дојде до министерско место.