Бивш амбасадор од СЕ го открива Орвел 2020 и „Македонското Гестапо“ на вистината

Поранешниот амбасадор на Македонија во Советот на Европа во Стразбур Проф. Звонимир Јанкуловски во шокантна колумна за Нова Македонија насловена “Цензурата има име: проверувачите на факти новите „арбитри“ на вистината”, открива како во земјава се врши “Гестаповска контрола” на пророкот на информации особено на тие што се критички кон власта на Зоран Заев и СДСМ.



“Во времето на новата „инквизиција“ на мислата, секој има право на свое мислење, но не и на неговите факти. Нивните факти се предмет на верификација на новите „арбитри на вистината“ на социјалните медиуми. Облечени во наметката на нивната позната вистина, професионалните проверувачи на факти се новото лице на догмата и цензурата на социјалните медиуми.

За нив велат дека се бесрамен либерален обид да се контролира јавниот дискурс и да се задуши слободата на говорот, вообичаено фокусирани на политичка контрола и манипулација. Ретко кој верува дека тие се чесни репортери на фактите и судии на вестите. Со нив сонот за социјалните медиуми како глас за сите пропадна.

Неколку прашања ме мачат во однос на овие самопрогласени „арбитри на вистината“ на социјалните мрежи. Знаете ли колку се транспарентни во однос на нивната методологија, нивните извори на факти и начинот и каналите на нивното финансирање?

Нормално дека не знаете.

Како што не знаете како идентификуваат што треба, а што не треба да биде дистрибуирано на социјалните мрежи. И дали во тие одлуки постапуваат натпартиски и неполитички?

Исто така, нејасно е како се акомодираат во гарантираната слобода на изразување и забраната да се ограничува печатот, или правата на поединците да зборуваат слободно”, пишува Јанкуловски.

“Кога сте дефанзивни во своето политичко дејствување, нормално дека проверувањето на фактите од „Гестапото на официјалната вистина“ во Македонија ќе биде „чесно и нетенденциозно“. А вие главен дисеминатор на лажни вести”, заклучува амбасадорот во колумната која открива како функционира модерната цензура во дигиталната ера.

Целата колумна во Нова Македонија