Влијателниот интелектуалец Преч Зогај смета дека Бугарското вето против Македонија ја фрла во темнина филозофијата на обединета Европа.
„Многу е чудно како една поранешна комунистичка држава како Бугарија, која здобила привилегија да стане членка на ЕУ според забрзана процедура, да има во раката вето да го блокира проширувањето на ЕУ со нејзините соседи во регионот. Или уште полошо, да се користат ветa, со кои се фрла во темнина самата филозофија на Обединета Европа.“ – ова е ставот кој го изнесува Преч Зогај во својата колумна за албанска „Панорама“.
Зогај е поранешен министер за култура и државен министер во владите на Албанија во различни временски периоди, основач и пратеник на Демократската партија на Албанија во албанскиот Парламент, како и новинар и писател.
Во својата колумна тој натаму истакнува: “„Европската агенда за проширување, на штета на Албанија и другите земји од Западен Балкан веќе неколку години, во моментов се соочува со дилемите за одржување на меѓувладина конференција со Албанија и Македонија, конференција што ќе го означи официјалното отворање на преговорите за членство во ЕУ на овие две земји. Внимателните читатели на оваа одисеја со право може да се запрашаат: зарем повторно може да не бидат отворени преговорите а зачленување во ЕУ? Колку пати Брисел не подготвил дека тие ќе бидат отворени, а сепак тоа не се случило?
Зогај ги изнесува и овие прашања: „Дали ни рекоа дека на крајот од минатата година дека ќе отпочнат преговорите по изборите во оваа година: Дали го определија јуни како месец на долгоочекуваната конференција? Меѓутоа, повторно се појавија на сцената неисполнетите услови, кои Бугарија и ги испоставува на Македонија.“
Авторот на колумната посочува на својот став против можноста Македонија и Албанија да не се одделуваат при одлучувањето дали со нив ќе се отворат преговорите за евроинтегрирањето: „Софија од минатата година го има своето вето против почнувањето на преговорите со Скопје околу прашањата за јазикот и историјата. Расправата која се одвива овие денови во Брисел и во некои главни градови во Европа се врти околу идејата „Албанија да не се одделува од Македонија“. Во едно сценарио на неуспех во постигнувањето билатерална спогодба меѓу Бугарија и Македонија тоа значи дека Албанија ќе остане во чамецот запрена со нашиот источен сосед. Такво прикриено, индиректно казнување не се очекуваше од Бугарија.“ – пренесува ИНА.
Преч Зогај смета и дека „бугарско – македонските недоразбирања“ се „чудни“: „Која е смислата да се остава Албанија во исчекување додека да попушти Софија, или Скопје? Преговорите можеше да не и бидат отворени на Албанија од причина која би се поврзувала со нејзините внатрешни случувања. Но, не и поради бугарско – македонските недоразбирања, кои се неочекувани и чудни и кои ги оставија без временски рок прашањето на отворањето преговори за Албанија и агендата на европските интеграции на нашиот регион во целина.“
Според Зогај, „премиерот Заев има широк консензус за неговиот став дека ‘идентитетот и јазикот не треба да бидат предмет на преговори во ЕУ во ниедна околност“ и нагласува: „Од оваа гледна точка изгледа дека се речиси еднакви на нула можностите македонската страна да биде онаа што ќе направи чекор напред за да ја задоволи бугарската страна. Но, што ќе се случи, ако не се договорат двете страни? Ќе запре проширувањето? Ова е прашањето што виси како чекан врз проектот за проширување на ЕУ. Ако ЕУ се реши да не ги оддели Македонија и Албанија, тоа би предизвикало неуспех во пошироки димензии на интеграцискиот процес на земјите во регионот. Тоа би поттикнало и други „вета“ од ваков вид со последици. Овие ризици треба добро да се одмерат.“
Авторот на оваа колумна заклучува: „Идеално решение во преостанатото време би било постигнување спогодба меѓу Софија и Скопје. Второ добро решение би било Бугарија да го повлече ветото, третирање на нејзините барања во друга рамка на двострани и повеќестрани спогодби. Трето и вистинско решение е одделувањето на двете земји – кандидатки. Албанија да оди напред, ако нема некоја друга причина да остане зад вратите. Македонија да чека не поради своја вина, препуштајќи и на ЕУ да го реши спорот со Бугарија“, смета Зогај.






