Економистите реагираат оти сега не било време за ново поскапување на храната, ама кој ги слуша?!

Власта да свика итна седница и да ја корегира одлуката за листата на производи со зголемен данок на додадена вредност, бара ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата опозициска партија од старт беше против планот на власта кој сам по себе ќе повлече огромни, милионски штети кои би паднале врз грбот на граѓаните и стопанството. Бараат сите производи кои се дел од секојдневната употреба да се вратат на стапка од 5% ДДВ, неместо сегашните 10%.



Дека не требаше гарантираните цени да поскапат, реагораат економистите. Според даночниот екпрерт Павле Гацов многу поважно е да се заузда сивата економија, отколку да се поскапува храната. Очекува Владата да ја корегира оваа одлука. Вели поскапо да се даночат производите кои навистина се лукзузни како месо од ајкула, сирењето со мувла, октоподите, скапите печурки итн, а тука да не влегуваат оние производи кои постојано ги купуваат граѓаните.

И додека реагираат економистите на новиот бран поскапувања, власта се правда. Според вицепремиерот за економски прашања дел од производите како чипсот, мастиките и сладоледот поскапеле зашто биле штетни за граѓаните. Рече дека била можна корекција за која од следната недела ќе се разговарало на владина седница.

Инаку, Владата по итна постапка го донесе законот за поскапо ДДВ, но листата производи ја криеше. Тогаш кажаа дека ќе поскапеле само оние производи кои речиси се недостапни за граѓаните, ама сепак ваквата мерка силно удри по џебот на обичните граѓани.