Како изгледа руската економија по воведувањето на невидени санкции?
Многу подобро отколку што очекуваше Западот, пишува „Економист“.
На почетокот острите мерки навистина функционираа, но потоа хаосот на руските пазари стивна, а рубљата веќе се приближува на нивото пред санкциите, забележува весникот.
Главниот индекс на руските акции падна за една третина, но подоцна поврати дел од загубите, се вели во текстот.
Заврши паничното повлекување пари од депозитот: Русите веќе вратија поголем дел од парите на нивните сметки.
Иако сè уште е рано да се извлечат конечни заклучоци, има малку докази дека економската активност во Русија е сериозно погодена, се вели во написот на весникот.





