„Економист“: Македонија во врвот по смртност од ковид во светот

Република Македонија е на третото место по „прекумерна смртност“ на 100 илјади жители.



Од ковид-19 до крајот на 2020 година се регистрирани 2.490 луѓе, но бројот на починати е всушност 5.690 за периодот од 1 април до 31 декември 2020 година, објави британсиот весник.

Пред Македонија се Перу и Русија, а по нас Бугарија, Литванија, Мексико, Србија, Еквадор и Молдавија, пренесува „Слободен Печат“.

Според „Економист“, бројот на починати како резултат на пандемијата со коронавирусот може да е уште поголем од официјалните статистики што здравствените власти секојдневно ги објавуваат и тоа благодарение на неколку причини.

Прво, официјалните бројки не ги вклучуваат тие што починале, а пред смртта немале позитивен тест на ковид.

Ако се земе бројот на починати во некое место од која било причина во одреден период, па се спореди со истиот период од други години, ќе се добие нешто што се вика „прекумерна смртност“.