Еколошките автобуси не стигнаа поради коронавирусот

Новите еколошки автобуси за ЈСП најверојатно ќе пристигнат по завршување на пандемијата со коронавирусот.



Според градоначалникот Петре Шилегов, првите десет, од договорените 33 автобуси на гас во главниот град ќе пристигнат на 25 март, тоа не се случи и оттаму немаат ниту одговор кога набавката ќе се реализира.

„Заради околностите со ковид-19 во регионов и речиси цела Европа, логично е дека пристигнувањето на првите автобуси ќе доцни, односно нема да се исполни очекуваната динамика“, кусо одговориле од ЈСП за „Вечер“.