Еколошки такси мора да има, тоа е тренд во Европа, вели Пендаровски

Претседателот на државата Стево Пендаровски синоќа во гостување на „Сител“ изјави дека мора да се воведат одредени еколошки такси.



Запрашан дали ќе го потпише законот за еколошка такса, поретседателот рече:

„За жал, ќе мораме да одиме со одредени видови на еколошки такси. Тоа е тренд во Европа. Заштитата на животната средина значи многу пари. Ние ќе имаме огромна помош од ЕУ во овој дел и пред да станеме членки, меѓутоа самите не можеме да го истераме тоа“, рече Пендаровски и потсети дека во 2019-та само од загадување на воздухот околу 3.000 наши граѓани ги изгубија животите.

Владата го подготви Предлог-законот за воведување еколошка такса за нафтените деривати, а опозицијата најави блокада на законот во Собранието со образложение дека еколошката такса ќе значи нова давачка за граѓаните и поскапување на цените за транспорт и други производи.