Целото раководство на партијата ДУИ која се прогласи за еколошка без ниту еден голем проект во заштита на животната средина денеска организира свеченост за отворање на споменикот посветен на борците на УЧК во Слупчане.
Нелегалниот споменик ги чини граѓаните на една од најсиромашните општини 200.000 евра и е висок 20 метри.
,,Еколошката” партија не подигнала споменик борбата противник в загадување вашето но го слави 2 мај како ден на бранителите.
Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил објави заедничка фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари од која се најавува дека одат на отворање на нелегален објект.
На прославата се присутни сите водечки функционери на ДУИ.
Според законот изградбата на меморијален споменик е регулирано со закон и одлуката за поставување на споменик ја носи Собранието.
Со подигнување на спомен кулата во чест на жртвите на ОНА која свечено ќе биде пуштена е прекршен законот за меморијални споменици и спомен обележја, велат експерти од областа на заштитата на културното наследство за „Сител“.






