Денеска во просториите на ООУ,,Лазо Ангеловски” – општина Аеродром по повод одбележувањето на 21 Март – Денот на пролетта и екологијата, се организираше Еко модна ревија.
![]()
![]()
Денешната Еко модна ревија претставува славење на детската креативност и фантазија. Нашата цел како организатори и домаќини на овој настан е да им овозможиме на сите ученици од основните училишта на територијата на општина Аеродром да создадат свои уметнички дела преку кои ќе ја истакнат функцијата на реупотребата на рециклирачките материјали – велат од училиштето.
![]()
![]()
Преку своите изработени модели и презентации учениците се дел од подигнувањето на еколошката свест и култура, како и за придонесувањето за почиста околина и поздрава средина.
![]()
![]()
На овој настан земаа учество повеќе од 180 ученици од сите основни училишта на територијата на општина Аеродром, а иститот беше збогатен со присуството на нашата гостинка – модната дизајнерка Ирина Тошева, којашто зад себе има богато и плодно дизајнерско искуство и се претстави со модел изработен од оризовиот „отпад“ експериментирајќи заедно со куркума и лушпи од бел и црвен кромид и преку техниката „шибори“, како една од најстарите техники за боење од Јапонија.
![]()




