„Зошто не функционира единствениот мерач на загадувањето на воздухот во Тетово? Граѓаните треба да знаат каков воздух дишат денес!“ – реагираше невладината организација ‘Еко Герила’ од Тетово по големиот пожар, кој предизвика загадување на воздухот во градот.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.
„Лајм“ пишува: „Еко Герила“ бара одговорност од Министерството за животна средина и просторно планирање, поради неработењето на мерачот на загаденоста на воздухот во градот Тетово.“
„Денешниот пожар, кој избувна во фабрика за градежни материјали во Тетово, предизвика голема аерозагаденост, но, за среќа, немаше човечки жртви.“





