На екипата на судската медицина од Скопје и утринава не им било дозволено да биде дел од обдукцијата на лицата кои починаа во страшната несреќа во Бугарија.
Ним им било побарање одобрување од бугарски државен обвинител, спротивно на протоколите на интерпол, пренесува „ТВ Телма“.
Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, допатувал со уште двајца колеги, чека одобрување, за кое се водат меѓусебни договори меѓу двајцата државни обвинители.






