Европската комисија објави дека ќе издвои како итна поддршка до 38 милиони евра за Западен Балкан за решавање на здравствената состојба, соопштија денеска од ЕК.
Ќе се помогне на С. Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и на Србија, да ги покријат своите непоходни потреби за медицински помагала и за опрема, како што се респиратори, лабораториски тестови, маски, очила, наметки и заштитни костуми, за го поддржи нивното закрепнување.
ЕУ, исто така, пренасочи 374 милиони евра од претпристапните фондови за да го помогне општествено-економското закрепнување на западнобалканското подрачје, изјави Ана Писонеро, портпаролка на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи.





