ЕК: Прво за ЕУ, а потоа АстраЗенека вакцини за други земји

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја предупреди „Астра зенека“ пред да почне со извоз на вакцината против Ковид-19 во други земји, прво треба да ја исполни својата договорена обврска кон ЕУ. 



Британско-шведската фармацевтска компанија вети дека ќе испорача 120 милиони дози вакцини против Ковид-19 во ЕУ во првите три месеци, но до сега се испорачани само 25 отсто од договореното

„Мислам дека беше добро да се воведе експертски механизам за овластување кој што ќе создаде вистинска транспарентност, затоа што докажува дека ЕУ е најотворениот регион со сигурен извоз во светот, со кој што САД имаат извршна одредба.

До сега немам сознанија за извозот во Британија, можеби се лажам и очекувам транспарентност, истото важи и за другите региони во светот“ рече Урсула фон дер Лајен.

На 28 март во Скопје ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на АстраЗенека преку Ковакс системот, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.