ЕК не сака, Германија почнува преговори за купување „Спутник V“

Германија ќе започне билатерални преговори со Русија во врска со вакцината „Спутник V“ против Ковид-19 година, јавува Ројтерс повикувајќи се на неименуван извор.



Европската комисија вчера им соопшти на министрите за здравство на ЕУ дека Брисел не планира да започне разговори со Русија за набавка на „Спутник V“, како што тоа го стори со другите доставувачи на вакцини, јави Ројтерс.

Но, германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, за време на вчерашниот виртуелниот состанок објави дека Германија ќе започне прелиминарни преговори со Русија за билатерален договор за обезбедување на вакцината.

Според него, во прелиминарните разговори, Германија најпрво сака да утврди кои количини и кога Русија може да испорача.

Во секој случај, Германија ќе ја купи руската вакцина само откако ќе биде одобрена од ЕМА, а најважно за тоа е Русија да ги обезбеди потребните податоци, додаде изворот.