„Политичките лидери во регионот треба да дадат пример за унапредување на меѓусебната доверба, негување на добрососедските односи и соработка, принципите и вредностите на Европската унија“, беше одговорот на Европската комисија (ЕК) на прашањето за изјавата на косовскиот политичар Рамуш Харадинај за можноста за обединување со Албанија.



Харадинај, лидерот на Алијансата за Косово (АБК) и кандидат за претседател на Косово, во понеделникот рече дека третманот на ЕУ кон Косово го турка во обедиунување со соседна Албанија и дека референдумот за ова прашање не е исклучен.

Предвремените избори во Косово што треба да се одржат на 14 февруари. n1.info