ЕК: Ковид-пасошите ќе важат 9 месеци по последната доза

Европската комисија усвои правила според кои Ковид-сертификатот ќе важи за патување девет месеци по последната доза, соопшти претставник на ЕУ за Ројтерс.



Новите правила ќе бидат обврзувачки за 27-те земји на ЕУ од 1 февруари.

Земјите ќе бидат обврзани да дозволат на нивна територија целосно вакцинирани патници со валиден сертификат. Сепак, како исклучок, оправдан со влошување на ситуацијата со коронавирусот, тие сепак може да наметнат дополнителни барања, како што се негативни тестови или карантин.

Правилата ќе важат само за меѓународни патувања.