ЕК го потенцира она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години – дека тонеме во корупција

Мицкоски на средба со Норман: Извештајот на ЕК нотира дека нема борба против криминалот
вмро-дпмне

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со Гилес Норман, амбасадор на Канада во Македонија, со кој зборуваа на сите актуелни општествено – политички прашања



Мицкоски со жалење констатирал дека Извештајот на ЕК го потенцира сето она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години наназад, а тоа е дека Македонија тоне во корупција, дека нема борба против криминалот, и дека власта практично е фасилитатор, наместо да ги санкционира таквите појави.

Претседателот ја истакнал посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ за влез на Македонија во ЕУ, на база на рамноправност и почитување на принципите, а не на диктати.

Истовремено тој се заблагодарил на поддршката која ја добиваме од Канада како држава, но и изразил надеж дека тоа ќе продолжи и во иднина.